Деветнаесетте сателити на Илон Маск синоќа прелетаа и над Бугарија, пред да минат и над Македонија и да предизвикаат, трет ден по тред, занимација кај Македонците со разни теории.
Над Бугарија сателите беа околу 21 и 15 чссот, односно 20 и 15 по македонско време. Проектот Старлинк треба да обезбеди подобар интернет, а до крајот на март во вселената биле лансирани неколку стотини вакви сателити, пишиува 24 часа.
Сателитите се на висина од околу 550 км и можат да се видат со голо око.
Забуна предизвикува што бугарските медиуми пишуваат дека сателитите се движеле од југозапад кон североисток, но тоа би било невозможно ако тие прво минале над Софија, а потоа над Скопје кое е западно од бугарскиот главен град. Но, можеби се работи за техничка грешка во пишувањето.