Александра Ангелова, која била пациент на Инфективната клиника заедно со своето дете преку статус на Фејсбук раскажа дел од своето искуство:

„Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката. Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на Инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана? Три дена да ти велат дека ќе земат брис на бебето, а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши? Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече, не си одите? Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи на вас сега ви текна да и земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте Вие? Вие штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.
П.С. Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!
id=”fb-root”>
class=”fb-post fb_iframe_widget” data-href=”https://www.facebook.com/angelova.aleksandra/posts/10223723793749268″ data-width=”750″>