Оливер Спасовски во врска со новите мерки денеска изјави дека од утре стапуваат на сила меките мерки, односно задолжително носење на заштитни маски при излегување, држење дистанца најмалку два метри и забрането групирање.
„Значаен процент од заболените се асиптоматски. Тоа значи дека лицето кое е пред вас можеби е заболено, а не знае. Само два метри од дистанца треба за да нема ризик. Следна мека мерка е задолжително носење опрема за покривање на устата и нос. Тоа може да биде респираторна маска, хируршка маска, текстилна маска, и други прекривки. Тоа кај сите граѓани ќе овозможи за прекин на вирусот. Повеќе заболени заболуваат преку вдишување на капки од вирусот, и носењето маска ќе помогне. Оваа мерка ќе важи за целата територија. Маските треба да ги носат граѓаните кои се движат на отворен простор, а притоа не е можно да се воспостави дистанца, задолжително во затворен простор и во јавниот сообраќај. Маските не се носат ако држите дистанца на отворено, кога возите велосипед, спортувате на отворено, или се возите во сопствен автомобил со членови од вашата фамилија“, рече Спасовски.