Полицискиот билтен и денеска регистрира два напада од кучиња скитници во Скопје.

На 26 април 2020 во 11.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.Г. од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник во пределот на ногата.

На 26 април 2020 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба К.Ш.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Карл Хрон“, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака.