Иван ЈОРДАНОВ, ВМРО-ДПМНЕ – ШТИП

И во вонредна состојба не се откажуваат од своите криминални навики.

ЈП Исар набавилo резервни делови за популарната метларка од компанијата Брако инаку во сопственост на Кочо Анѓушев во вредност од 1.400.000 денари или 23.000 евра. Колку за потсетување, метларката ја набавија пред една година во вредност од 85.000 евра, за денес во време на економска и здравствена криза набавуваат дел за истата во износ од 23.000 евра.

Профитерите на локално ниво, во соработка со поранешни и сегашни функционери од власта во време на економска и здравствена криза си прават зделки, кои резултираат со нивно богатење на државна сметка.

Во прилог на горенаведеното ви го приложувам договорот за набавка на овие делови.