ВМРО-ДПМНЕ одамна побара сите функционери да ги донираат своите средства, вели Јанушев во интервјуто за Канал 5

Тој истакнува дека актуелните еономски мерки на Владата не се од никаква полза за економијата. Впрочем, додава тој, какви економски мерки очекувате од Влада која за изборен поткуп, мислејќи дека ќе има избори, потроши 120 милиони евра од буџетот во овие три месеци. Ако продлжат со оваа динамика, до крајот на годината ќе „потрошат“ над една милијарда.

Според Јанушев, Обвинителеатвото треба да се позанимава со тоа каде се потрошени тие 120 милиони евра.