Аљоша ИВАНОСКИ, радиолошки технолог во болницата „Борка Талески“ Прилеп
Да бидиме јасни, не се олабавуваат мерките заради тоа што опасноста од пандемијата веќе се намалува, туку затоа што трпат бизнисите, трпи економијата.
И таму некој погоре од нас пресметал дека подобро е да жртвуваме одредена група на граѓани а за возврат да има пари во буџетот за патни трошоци, плати за СЈО и функционерите, бифтеци, кафе и лешници. Пари во буџетот ќе има само ако има кој да плаќа данок, а данок се знае кој плаќа.
Со оглед на тоа дека голем дел од вас пандемијата не ја земаат за сериозно и бараат да има слободно движење затоа што ова е нели „обичен грип“, владата ќе ужива во бифтеците и кафињата.
Едноставно кажано, и ним им одговара вие да излегувате и да трошите пари а и вас не ви се седи дома.
Короната… кој ја врти? Силни сме ние, нас не не фаќа!
P.S. Карантин ден 46