И во денешниот билтен на МВР се објавени два случаи на нападнати граѓани од улични кучиња во Скопје.
На 30.04.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.З.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Алексо Демниевски“, неговиот 17-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
На 30.04.2020 во 15,30 часот во Полициската станица Кисела Вода К.К.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Секогаш се бурни реакциите на здруженијата и граѓаните за заштита на животни, кога несовесни граѓани напаѓаат кучињата скитници, а станаа секојдневие пријавите за искасани возрасни и деца од намножените улични кучиња.
Хумано е да ги заштитуваме животните, но уште повеќе луѓето и особено децата кои зачестено се жртви на напади од кучиња напуштени и препуштени на улицата.