НБА продолжува да разгледува различни опции за продолжување на сезоната 2019/20, што беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Сепак, НБА ја отфрли можноста за какво било потенцијално решение што може да бара изолација на играчи од нивните семејства, објави „ЕСПН“.
Претходно, НБА на својата официјална веб-страница веќе објави одложување на церемонијата на драфтот што требаше да се одржи во мај.
Најсилната кошаркарска лоига на светот ја прекина редовната сезона на 12 март поради коронавирус.