Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за „Отворено студио“ посочи дека сега за сега избори не треба да има бидејќи се уште здравјето на граѓаните е загрозено и во опасност.
-Повеќе од 70-тина проценти од граѓаните велат дека не е време за избори. Во ред да речеме дека ние ќе си подадеме рака со СДСМ и ќе идеме утре на избори. И еве ќе ви симулирам тој ден изборен каков ќе биде. Ќе има луѓе со маски, ќе имаме луѓе со ракавици, оние што ќе излезат, ќе излезат 30-40 отсто. Ќе имаме фејсбук и твитер кампања. Ќе немаме можност како пратеници, ајде јас не сум кандидат за пратеник, јас сум кандидат за мандатар, но ќе има луѓе кои што се, еве Заев кандидат за пратеник, како ќе се престават, запраша Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ќе има луѓе кои што ќе треба да се претстават пред граѓаните, од врата на врата, да ја престават програмата, на крајот на денот граѓаните гласаат за програма.
-Врз основа на кои параметри ние ќе составиме програма сега и ќе ја преставиме пред граѓаните. Не е тоа чесно. Ако сме ја правиле програмата во јануари, февруари, или пак декември за април, сега се сменија економските текови, се смени начинот на живеење. И ние ќе мора да се менуваме. Ќе мора да подготвиме нова програма, нови капитални инвестиции, нови проекти, да бидеме покреативни, поинаку да размислуваме, појасни Мицкоски.
Според него, здравјето на граѓаните се уште е загрозено, се уште е во опасност. Тој смета дека до кредибилни избори нер е можно без да се има кредибилна изборна кампања и програма.
-Првиот момент кога ние ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, дека ние нема во кампања да броиме новозаболени, или луѓе кои што го загубиле животот, можеме да одиме на избори. Првиот момент кога ќе имаме фер и кредибилен изборен процес, а нема тоа да биде фејсбук и твитер процес, тогаш ќе излеземе, ќе се договориме за датум, ќе ја претставиме нашата програма пред граѓаните, ќе излеземе на избори како што било и досега, ќе се претставиме пред граѓаните и тие нека оценат која опција е подобра, нагласи Мицкоски.
Што се однеусва до мерките за справување со вирусот и до намалувањето на бројот на новозаразени, Мицкоски посочи:
-Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по која што можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои што го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители, и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот ќе видите дека Македонија е во долната половина, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека по бројот на луѓето кои што го загубиле животот на милион жители во регинонот, ако го анализираме државите од Словенија да речеме преку Босна, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција, Албанија, Грција, Македонија итн. Македонија е втора по смртност веднаш позади Словенија.
-Ако го гледаме бројот на заболените на милион жители ќе видиме дека сме трети. Ако го гледаме пак бројот на тестирани од 10 сме на седмо место. Така што бројките тука морам да признаам не се на наша страна, но секој човечки живот спасен навистина е голем успех, бидејќи секој човек вреди, нагласи Мицкоски.