Љубомир ЦУЦУЛОВСКИ

ШАМАРИ. Изјавата на Бојко Борисов дека нема влез во ЕУ без да се исполнат одредени услови (читај, уцени) и дека ако некој не сака да влезе во ЕУ и не мора да влезе, не претставуваат шамари за мене, ниту се шамари за поголемиот дел од македонските граѓани, туку тоа се пријателски и партнерски шамари за сите искривоколчени суштества, кои шуруваа/преговараа со слични него и кои сметаа, и сѐ уште сметаат, дека влезот во ЕУ нема цена. Што значи дека секоја цена е дозволена. И додека ги шамараат, ќе траат и ќе подголтнуваат молчешкум, особено што знаат дека после овие шамарења ќе дојдат наредните шамарења, поврзани со Спогодбата од Нивици и Тиранската платформа, кои допрва ќе следат, бидејќи промената на името, како и двојазичноста, не се крајната цел. Крајната цел допрва ќе се види.