Едно дете загина, а три се повредени во несреќаta што се случила вчеравечер во Велешко, соопшти МВР.
Како што е наведено во соопштениеро, вчера околу 20 часот во нива над крстосницата за село Сливник, покрај пат кој води кон велешкото село Рлевци, С.С. (18) од село Бузалково го паркирал тракторот „ИМТ 542“ со велешки регистерски таблици во кој имало прикачено импровизирана метална корпа во која се наоѓале четири деца две на возраст од 10 години, едно осумгодишно дете и едно петгодишно сите од Бузалково.
Во еден момент тракторот тргнал низ удолнина при што две од децата на возраст од 10 и пет години паднале од металната корпа и се здобиле со тешки телесни повреди. Останатите две деца успеале да излезат и се здобиле со телесни повреди.
Три од децата, на возарст од 10, 8 и 5 години, биле пренесени во Општата болница во Велес, каде од страна на лекар кај десетгодишното била констатира смрт, додека кај петгодишното дете констатирани биле тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Кај третото, осумгодишно дете, констатирани биле телесни повреди и било задржано на понатамошно лекување во Општата болница во Велес.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.