Страшо АНГЕЛОВСКИ

(претседател на МААК)

Последниве години, 9 мај, Денот на победата над фашизмот, се’ поотворено се турка во заборав, а се’ поагресивно се наметнува како прослава на Денот на Европа. Ден кога, според “новоговорот“, Роберт Шуман, за кого во дел од историските читанки пишува дека бил нацистички колаборационист, одржал говор во кој ја изнел идејата за евроединство и формирање Европска заедница за јаглен и челик. И, тој датум, денес, се прославува како официјален зачеток на она што денес го знаеме како Европска Унија.

Но, дали е навистина така ? Дали навистина од тој ден датира идејата за Европската Унија како наддржавна заедница и каква е врската, доколку ја има, на Хитлеровата и европската наддржава?

За да одговориме на ова прашање мораме да се навратиме до 1923–та, кога е формирано “Пан – европското движење“. За негов зачеток се смета објавувањето на ЕУ–манифестот, познат како “Пан-Европа“, од страна на Ричард фон Куденхов-Калерги (Richard von Coudenhove-Kalergi). Заради безнадежната состојба после Првата светска војна, економската криза, појавата на фашизмот во Италија и заканата од брзоширечкиот комунизам, тој се залага сите народи и држави во Европа да се стопат во една унија за да се избегнат војни. Меѓу другото, она што е малку познато, е дека негов предлог е и “Одата на радоста“ на Бетовен да биде европска химна, да се воспостави царинска унија и да се потпише Римскиот договор како основачки документ на модерната ЕУ. Во Манифестот уште стои дека треба да се создаде Европска федерација во вид на Соединети Европски Држави.

Во својата автобиографија “Crusade of Pan-Europe – Autobiography of a Man and a Movement“, Калерги отворено пишува дека Соединетите Европски Држави би биле само меѓуфаза во создавањето светска влада, со приклучување на Северна и Јужна Америка и Турција (ова се должи на времето кога е пишуван Манифестот).

Интересно е што еден од неговите главни поддржувачи и најголем финансиер со тогашни 60.000 златни марки е Макс Варбург. Макс е директор на германскиот “И. Г. Фарбен“, конзорциум формиран во 1925-та од еден куп моќни корпорации меѓу кои и Баер и БАСФ. Неговиот брат Пол е член на одборот на директорите на филијалата на “И. Г. Фарбен“ во Америка и творец на Федералните резерви. Обајцата потоа учествуваат во создавањето на ЕУ.

Но, она што е двојно поинтересно е податокот дека токму “И. Г. Фарбен“, заедно со американските Џенерал Електрик, Хенри Форд, Прескот Буш, Стандард Оил на Рокфелер и, системот од 12 приватни банки, познат како Федерални резерви, се најголемите финансиери на Адолф Хитлер. “И. Г. Фарбен“, на Макс и Пол Варбург е конзорциумот кој на Хитлер му овозможува да ги добие најновите научни достигнувања без кои не може ниту да ја започне Втората светска војна. Значи, тоа се луѓето без кои  немаше да постојат ниту Хитлерова Германија, ниту Европската Унија.

Одиме понатаму. Во својата автобиографија, творецот на “Пан-Европа“, Калерги, ги наведува луѓето активни или многу блиски до Национал-социјалистичката партија на Хитлер или нацистичката идеологија, а исклучително заслужни за ширење на идејата  за обединета Европа како наддржава. Еве ги на увид на јавноста. Тоа се:

– Конрад Аденауер, прв Канцелар на Западна Германија, кој во тогашното МНР на високи официјални функции, вработува 66 проценти “поранешни нацисти“ (Според негови искажувања).

– Алќиде де Гаспери (Alcide de Gasperi), новинар и политичар кој го поддржувал Мусолини. Премиер на Италија од декември 1945 година, кој издејствувал да не се гонат фашистите на Мусолини.

– Пол-Анри Спак (Paul-Henri Spaak), член на белгиската Социјалистичка партија и јавен и официјален поддржувач на фашизмот на Франко и нацизмот на Хитлер. Од 1957 година, замислете, Генерален секретар на НАТО.

– Холандскиот принц Бернхард од Липе-Биестерфелд (Prince Bernhard of Lippe-Biesterfeld), член на Национал-социјалистичката партија и СС офицер, во 1954 година иницијатор и основач на групата Билдерберг, чија цел е уништување на националниот суверенитет и создавање европска наддржава.

– Валтер Функ (Walter Funk), човек за кого и порано сум пишувал, член на Национал-социјалистичката партија од 1931, од 1938 година министер за економија во Хитлерова Германија, а од 1939 – 1945 претседател на Германската централна банка (Reichsbank). Автор е на економскиот нацрт за обединета Европа од 1941 година, врз кој се гради структурата на Европската Унија.

– Валтер Холштајн (Walter Hallstein), човек за кој многупати сум пишувал и говорел, човекот кој во својот говор во Рошток повика на воена анексија на тогашна Чехословачка, кој како “правникот на Хитлер“ и член на Национал-социјалистичката партија ги предводеше преговорите на владата на Хитлер со владата на Мусолини. Од 1958 година, во два мандати, претседател на Европската Комисија, највисокиот орган на ЕУ.

Меѓу другите нацисти, со огромен придонес во создавањето и развојот на ЕУ, Калерги ги наведува и Хјалмар Шахт (Hjalmar Schacht), претседател на Германската централна банка од 1933-1939 година; Ханс Јозеф Глобка (Hans Josef Globke), еден од авторите на “расниот закон“ за Евреите од 1935 година; Дијана Мозли (Diana Mosley), сопруга на Освалд Мозли (Oswald Mosley), лидер на британските про-фашисти, која во интервју за ББЦ ги напаѓа евро-скептиците и дава безрезервна поддршка за Европската Унија.

Одиме понатаму.

Од 1-3 јуни, 1955 година, во Месина на Сицилија е одржана конференција со цел “воспоставување економска интеграција на Европа преку создавање заеднички пазар“. Познат како “Комитетот на Спак“, ова е состанок на “сицилијанските шестмина“, со претставници на шесте држави што ќе го потпишат договорот за формирање Европска Економска Заедница, познат како “Римски договор“. На него учествуваат,веќе споменатиот поддржувач на Франко и Хитлер, Пол Анри Спак, како претставник на Белгија;  Гаетано Мартино, некогашен член на фашистичкото движење на Мусолини, како претставник на Италија; Антони Пинај, член на “Националниот одбор на Франција“, познат како Владата од Виши, про-нацистичка Влада која потпиша капитулација на Франција и веќе споменатиот Валтер Холштајн, “правникот на Хитлер“, како претставник на Германија.

Како резултат на овој подготвителен состанок, на 5 март 1957 година е потпишан Римскиот договор, кој се смета за основачки акт на денешната ЕУ. Само колку за информација, договорот, во името на Холандија, го потпишал Јозеф Лунс, тивок член на Национал-социјалистичкото движење во Холандија, а, замислете, Генерален секретар на НАТО од 1971-1984 година.

И конечно, од 1950 година се доделува наградата “Карло Велики“ на личност која најмногу придонела во формирањето и ширењето на ЕУ. Меѓу добитниците се :

Веќе споменатите Ричард фон Куденхов-Калерги во 1950 година;  Алќиде де Гаспери во 1952; Пол Анри Спак во 1957; Валтер Холштајн во 1961 година, но и, на пример, Франсоа Митеран во 1988, член на вишиевската верзија на “Хитлерова младина“, чиј член бил и Жак Делор, еден од претседателите на Европската Комисија; па, Битрикс Вилхемина Армгард во 1996, поранешна холандска кралица и ќерка на споменатиот Бернхард од Липе-Биестерфелд, СС офицер и основач на Билдерберг групата која ја создава ЕУ; Херман ван Ромпеј во 2014, од групата Билдерберг поставен за  претседател на Советот на Европа…

И сега, соберете сила и запрашајте се – зошто Европската Унија не само што не бара укинување туку и соработува со фашистичките “Златна зора“ во Грција и “Десен сектор“ во Украина, а дури и ги потхранува големоалбанските апетити на Али Ахмети и фашизоидната реторика на Борисов, па, честитајте им го 9 мај, Ден на победата над фашизмот.