Аудио-записи од разговор кој Зоран Заев го води со анонимен соговорник се појавија на социјалните мрежи, поточно, на видео платформата „ЈуТјуб“ на кои може да се слушне гласот на лидерот на СДСМ и уште едно машко лице, пишува Инфомакс.

До редакцијата на Инфомакс, овие снимки ги доставил свиркач.

Она што ќе го слушнете во аудио-записите вметнати во овој текст се снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и уште едно машко лице, пишува Инфомакс. Разговорот е воден во угостителски објект чија локација нема да ја откриеме. Од разговорот кој Заев го водел со анонимниот соговорник, ќе слушнете какво е мислењето на Зоран Заев за граѓаните, за кои вели „ебем ти таков народ“ ако и на тие избори – мислејќи на оние во декември 2016.година – не гласаат за него.

На првиот аудио-запис, јасно се слуша како соговорникот го убедува дека ако излезе на избори, тој нема да победи, бидејќи „народ не ги сака“. Ниту него, ниту пак СДСМ. На ова, Заев одговара дека соговорникот размислувал како „задоен ВМРОвец“ и го насочува да внимава на резултатот од изборите, велејќи „ќе видиш што ќе се случи“.

.

Вториот аудио-запис, всушност е признание на Зоран Заев дека нелегално прислушкуваните аудио-материјали ниту биле безбедни, ниту пак биле само во посед на партијата. Соговорникот го прашува Заев, зошто не му верувал нему и разговорите му ги дал на Чауш. На ова тој одговара, дека така требало со цел тие кои биле на Албански јазик да бидат преведени и да можело да се удри по Али Ахмети.

„Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент сите се мои“ – вели Зоран Заев во третиот аудио-запис, практично признавајќи дека протестите на т.н. шарена револуција се фиктивни.

Во четвртиот аудио-запис, лидерот на СДСМ објаснува дека „СЈО ќе превземе драстични чекори“ и дека ќе направи многу штета, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола. Понатаму во овој запис, Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе „мамето мамино ќе му го е*ам“.

Од редакцијата на Инфомакс најавуваат дека во наредниот период ќе бидат лиферувани нови „бомби“ за лидерот на СДСМ Зоран Заев.