По денешната лидерска средба, на прашањето на Митовски од Инфомакс, дали Заев, од „од разговорите кои ги преведувал Чауш“, нашол индиции за евентуална криминална вмешанот на Али Ахмети, лидерот на СДСМ одговори:
-Преведувањето на разговорите од албански на македонски после селекцијата која ја правев, беше во СДСМ од партиски членови и активисти на СДСМ. И токму таа беше претходната причина за да може да се објават разговори за ДУИ и тие беа објавени како разговори за ДУИ. И тука беше причината за преведувањето. Но самото тоа потврдува дека се веќе селектирани разговори кои одат на подготовка во прес центарот со самото преведување, поради јавно и транспарентно објавување. Што уште еднаш само потврдува дека сите разговори кои СДСМ ги посодеувал ги дал исклучиво и само исклучиво на СЈО.
На второто прашање, дали ако не победи на избори, повторно ќе важи речникот и мислењето за народот искажано од него во неодамна емитуваните снимки, Заев одговори:
-Мојата почит кон македонскиот народ секој ден е изразена. Јас му служев на овој народ, имав чест две ипол години како премиер, мал период како пратеник во нашиот парламент и 12 години како градоначалник. И македонскиот народ ја давал поддршката секогаш затоа што знае колку Заев го почитува својот народ и е подготвен да работи паметно за да понуди прогрес и перспективи за својот народ. И тоа е така и никако поинаку!