Италијанскиот премиер Џузепе Конте го критикуваше планот на ЕУ за туристичката сезона кој претпоставува т.н. зелени коридори помеѓу земјите од ЕУ и се закани дека поради таквата стратегија Италија би можела да ја напушти ЕУ.

Предложените туристички коридори би овозможиле на одредени држави со ниска стапка заразени од Ковид 19 или со значаен пад на заразените, да пропуштаат туристи до одбрани одредишта се до повторното отворање на границата.

Значи, се работи за коридори помеѓу државате во согласност со нивната епидемиолошка сотојба. Бидејќи Италија не спаѓа во државите кои имаат ниска стапка на заразени, тоа предизвика реакција на Конте.

„Тоа нема да го дозволиме. Или ќе излеземе од ЕУ“, порача Конте.

„Не ги прифаќаме билатералните спогодби внатре во ЕУ кои  ќе создаваат повластени коридори за туристите“, рекол Конте на прес конференција, а го пренесе Си-Ен-Ен.

Туризмот не може да биде условуван со билатерални договори. Тоа нема да го дозволиме. Или ќе излеземе од ЕУ“, додал Конте истакнувајќи дека туризмот создава 13 отсто од италијанскиот БДП.

Конте рекол дека на претседателкат на ЕК, Урсула вон дер Лејен и објаснил дека тие коридори ќе значат уништување на единствениот пазар на ЕУ.

Италијанскиот туризам до крајот на годината би можел да загуби 120 милијарди евра. Во несигурна ситуација се 420 000 работни места и 270 000 фирми кои се поврзани со туризмот.

Наспроти тоа, Владата на Конте одвои само пет милијарди евра за помош на туризмот.