Џабе е бегањето од избори на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Бегање нема, избори ќе има и тие ќе изгубат на изборите, објави вечерва бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
– На македонските граѓани им треба Собрание, функционално и политичка влада со полн и нов легитимитет од граѓаните. Ние имаме обврска тоа да го обезбедиме, објави Заев на Фејсбук.
Тој во поопширна изјава образложува дека и покрај нестивнатата пандемија од коронавирусот и секојдневниот голем број заразени во Македонија, смета дека најважни се изборите.