Владата не знае кога граѓаните и фирмите ќе можат да ги користат најавените мерки од третиот пакет. Министрите без одговор кога ваучерите за купување домашни производи и туризам ќе бидат готови, кои граѓани ќе можат да аплицираат за нив, кога ќе се утврдат критериумите за истите и кога ќе се објават во Службен весник. Наместо одговор, со обвинувања до новинарите.
„Наметнавте многу прашања, меѓу кои голем дел од нив имаат доза на нетрпеливост, изјави Нина Ангеловска“, министер за финансии по прашањето на новинарката Александра Филиповска.
„Ме чуди фактот што новинарката Александра (Филиповска, н.з.) има големо искуство и многу добро знае за економијата и за процедурите како се донесуваат мерките, било тоа да е со уредба со законска сила, било тоа да е програма“, додаде Крешник Бектеши, министер за економија.
Придобивките ги знаеме сите, кога ќе можат граѓаните да ги користат мерките?, праша новинарката на Сител Мерсовска.
Владата без одговор и кога ќе биде готова анализата за ефектите од изедначување на акцизата на екстра лесното масло со дизелот, која ја најавија пред месец дена. Од Макпетрол повторно ја повикаа во најкус можен рок да донесе одлука, бидејќи по завршување на вонредната состојба, нема да биде во можнсот да го стори тоа. Велат дека решавањата на ова прашање ќе биде во корист на граѓаните, државата и трговците на нафта, а единствено нема да им одговара на оние кои прават злоупотреба со ектралесното масло, односно го продаваат како црвена нафта, која е поевтина од дизелот, но најмногу загадува.