Во претседателската вила „Водно“ почна седницата на Советот за безбедност на која треба да се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Денеска беше последниот ден кога истекува третата, двонеделна вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.