ТВ КАНАЛ 5 ДОЗНАВА: Вонредната состојба во Македонија ќе продолжи уште две недели?

/ 30.05.2020

Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели, дознава Канал 5.

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

Во претседателската вила „Водно” е почната седницата на Советот за безбедност на која треба да се одлучи за продолжување на вонредната состојба.

Денеска беше последниот ден кога истекува третата, двонеделна вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.


Од истата категорија