Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, изјави изјави заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница.

– Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици, рече Сеница.

Полицијата ќе го интензивира надзорот на делови од границата  кои се во надлежност на полициските управи на Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку најмногу се изложени на нелегалните премини.

– Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги користи сите расположиви технички средства. Како и досега, ќе и помагаат припадниците на армијата, рече Сеница.