Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 е 16,2% (историски најниска). Годината започна со раст на вработеноста, пад на невработеноста, раст на платите… за што зборуваат и статистичките показатели за првиот квартал.

Ова го изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, која натаму во објавата на Фејсбук додава:

– Сепак се наоѓаме во нова реалност – Covid-19 пандемијата ќе влијае на сите макроекономски показатели, но со мерките кои се преземаат и ќе се преземаат ќе се потрудиме да кривата на невработеност биде што порамна, да задржиме што повеќе работни места, што повеќе работници да останат на работните места, а оние чие работно место ќе се затвори да ги поддржиме и заштитиме. Просечната стапка на невработеност во 2019 е 17.3%, додека во последниот квартал од 2019 изнесуваше 16.6%, објави Ангеловска.

Според министерката Ангеловска испаѓа дека коронавирусот не уништувачки туку дури и благопријатно делува на нашата економија. А каде ќе ни беше крајот со „процутот на економијата и вработеноста“ ако немаше корона!?

(Д.Г.)