Дали се сеќавате кога пред некој ден, Венко Филипче објави табела според која Македонија не е лидер по смртност од Ковид 19 во регионот, туку, напротив, стои некаде на средината, а е драстично подобра од Словенија, од светскиот просек итн. Имено, Филипче пресмета дека Словенија, има стапка на смртност од Ковид 19 од 7,2 , а Македонија, односно неговата Северна има стапка од 5,8. Грција имаше стапка на смртност над 6, БиХ исто така над 6, па според тоа, Филипче, на општа радост на сдс-овските агитроповци, ја прогласи Македонија за лидер по успешност во однос на овие држави.

Се разбира, како пто на Денешен.мк веќе пишувавме, вистината е далку од тоа, а всушност стануваше збор за пресметка на Филипче која се базира на процент на умрени од бројот на утврдени позитвни. Така, Словенија има 1485 позитивни и нема нов случај со денови, и има 109 починати од Ковид 19, а последниот починат и е исто така пред многу денови. И со таа состојба, во која вирусот практично го нема во земјата, Словенија има стапка од 7,2.

За разлика од тоа, Македонија денеска има над 3 000 позитивни и 153 мртви, значи повеќе од двојно позитивни и за 50 отсто повеќе мртви од Словенија (и тие и ние официјално имаме околу два милиони житеи), ама според методот на Филипче, денеска Македонија всушност напредувале во однос на последната негова пресметка кога имавме стапка од 5,8. Имено, по денешните 111 нови позитивни и двајца нови починати, Македонија има стапка на смртност од 5,03, така што сосема јасно – како минуваат деновите, како Македонија има се повеќе заразени, под услов да го задржи трендот од 2-3 мртви (се извинуваме поради овој невкус, но реалната слика е таа), така ќе биде се подобра на скалата на Филипче, а земјите како Словенија и Хрватска кои не регистрираат веќе ни заразени ни мртви, ќе можат само да ни завидуваат.

За разлика од тоа, ако пресметате колку мртви и заразени има Македонија на еден милион жители, тогаш ќе добиете поразителни бројки за нашата држава, а според тие бројки, ние навистина „блескаме“ во однос на Грција, Албанија, Бугарија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и Словенија, но блескаме по лошо. Додека таму веќе размислуваат за целосно враќање во нормала, ние ете денеска ја имаме половина држава во карантин (дури ни на гробишта не смее да се отиде), а според информациите на „Денешен.мк“ кои всушност се јавна тајна (зборот „тајна во овој случај е смешен) имаме дека Чаир си функционра како во пазарен ден, сосема нормално, за Сарај не треба да ви зборуваме, „кластерот“ СДСМ видовме е разбеган по своите вили, Штрумфета наместо во изолација држи прес конференции…

Но, важно напредуваме. Ете, по сите новозаразени и мртви во овие денеови, и според пресметките на „Денешен.мк“ по методот на Филипче, ние сме напреднале од стапка од 5,8 на стапка од 5,03.