За време на вториот ден од антирасистичките протести во Велика Британија, денеска во Бристол е урнат и фрлен во вода споменик на трговец со робови.

Демонстрантите со јажиња ја турнаа бронзената статуа на Едвард Колстон, истакнат трговец со робови од 17 век, потоа ја влечеа по улиците на Бристол и ја фрлија во вода.

Откако статуата падна, еден демонстрант позираше со коленото притиснато на вратот на фигурата, алудирајќи на смртта на Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис.

Протести се одржуваат и во Манчестер, Вулверхемптон, Нотингем, Глазгов и Единбург.