Во последните 24 часа во Франција починаа 23 лица од Ковид-19, со што вкупниот број на починатите од почетокот на епидемијата достигна 29 319 лица, јави дописникот на МИА.
-Еден месец по почетокот на излегувањето од изолацијата, сите епидемиолошки показатели за следење на национално ниво од први до седми јуни се на задоволително ниво на целата територија на европскиот дел на Франција и не покажуваат епидемиолошка реприза“, стои во билтенот на француското јавно здравје.
Бројот на хоспитализираните за инфекција со Ковид-19 продолжува да се намалува со вкупно 11678 пациенти, односно 283 помалку од вчера, а на интензивна нега се наоѓаат 933 лица.
За еден ден се регистрирани 545 нови случаи, од кои два на носачот на авиони Шарл де Гол.