После, се чудат зошто не им веруваат. Вчера го објавивме Протоколот за работните места на Владата на Северна во кој се вели дека процесот на работа треба да се организира така што дистанцата меѓу работницте треба да биде 1 метар. Така, месеците зборување за два метри дистанца отидоа во вода.

Сега и СЗО објавува дека ги поддржува глобалните протести против расизмот (поттикнати од тие во САД чија цел всушност е уривање на Трамп, а не борба за еднаквост), ама на протестите да се држело дистанца од 1 метар, да се миеле раце (на протести?) и да се носело маска.

Така и СЗО ги испрати двата метра во историја. До следното, кога ќе ги врати двата метри.

Ова е како со носењето маски. Прво беа штетни, па после не беа, па требаше да се носат, па не требаше, па станаа задолжителни итн.

Истото се случи и вчера со асимптоматските случаи. Прво експертка на СЗО изјави дека не го пренесуваат вирусот, односно исклучително ретко, за по неколку часа да ја повлече изјавата.

И после се чудат, како и овие од Северна, зошто никој не им верува и озшто Трамп им ги прекина финансирањето.