Избори без воспоставена набљудувачка мисија на ОДИХР не може да се сметаат за слободни и кредибилни, истакнива во својата реакција меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
„Веќе две години Македонија од страна на релевантни меѓународни организации и медиуми е карактеризирана како хибриден режим. Токму тоа е силна потврда за потребата од сеопфатна меѓународна набљудувачка мисија;
Државното раководство и лидерите на политичките партии за ова прашање мора да имаат усогласен пристап и став. Сѐ друго е несериозен однос кон демократските процеси“, објави Муцунски на својот фејсбук профил.
Неговата реакција доаѓа откако претходно денеска претседателот Стево Пендаровски во тој контекст истакна дека не е запознает со тоа дали има испратено покана до мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и истакна дека очекува дека тоа да бида сторено следните денови, истакнувајќи дека за тоа е задолжено Министерството за надворешни работо. Додека неговиот сопартиец и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, тврдеше дека тоа поканата за испраќање на набљудувачка мисија била упатена уште во текот на вчерашниот ден, односно пред Пендаровски да објави дека не ја продолжува вонредната состојба, што претпоставува и одложување на изборниот процес за извесно време.