ПРЕС СЛУЖБА НА ПЕНДАРОВСКИ: Заев и Мицкоски не постигнаа договор за датумот за избори!

/ 12.06.2020

На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори, информираат од прес-службата на претседателот Пендаровски.

Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.


Од истата категорија