ШАРЛАТАНИЗМОТ НА ВЛАДАТА ПРОДОЛЖУВА ДА БЛЕСКА: Монтажа на Трамп со селанка од Србија во соопштение

/ 18.06.2020

Нов гаф на Владата. Официјалното Владино соопштение за одржаната прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, покажа скандалозно ниво на непрофесионализам на вработените во владината прес служба, пишува Курир.

А, освен скандалозно, никако поинаку не може да се оцени тоа што како прилог на обраќањето на Филиповска – Грашкоска, наместо фотографија од настанот, медиумите добија фото-монтажа и карикатура од американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу фотографиите се најде и фотомонтажа од претседателот на САД со селанка на која пишува „Сестрата на Трамп од Лесковац.“

Од Владината прес-служба го увидоа својот гаф и шест минути по првичното соопштение испратија корекција во која сликата на Трамп ја немаше.


Од истата категорија