Единаесет лица починаа од компликации од коронавирус, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа од 1.364 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје-96, Куманово-2, Дебар-18, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-20, Велес-2, Битола-2, Охрид-7, Кавадарци-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-8.
Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.
Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа осум лица-пациент (53 г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).
Во болницата во Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје-29, Куманово-1, Штип-4, Тетово-2, Велес-4, Гостивар-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во има 5.005, оздравени се 1.904, починати се 233, а во моментов има 2.868 активни случаи. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2440, активни 1653
• Куманово 680, активни 229
• Дебар 81, активни 29
• Штип 264, активни 207
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 515, активни 316
• Струга 169, активни 90
• Велес 164, активни 32
• Битола 38, активни 9
• Охрид 98, активни 79
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 81, активни 54
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 12, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 14, активни 12
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 57, активни 56
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.364 теста се преку: ИЈЗ –576, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена –88, Биотек –160, Систина со ПЦР метода –165, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -184 и Судска медицина-3. Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на КОВИД -19.
Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 101 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 133 пациенти. На респираторна машина се 5.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 363
• Аеродром – 129
• Бутел – 133
• Гази Баба – 148
• Центар – 126
• Карпош – 115
• Сарај – 125
• Кисела Вода – 86
• Ѓорче Петров – 69
• Студеничани – 78
• Шуто Оризари – 65
• Арачиново – 52
• Илинден – 25
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 12
• Зелениково-1
• Странец – 4
• Нераспределен-6