На „Ју Туб“ каналот „ДонКОРЛЕДонев“ попладнево се појавија снимени разговори на кои се слуша гласот на Ден Дончев кој денеска беше во МВР на распит.
„После седнав и го замолив Зоки, Зоки ми даде пас да пуштаме полиција, све, и после Медарски тоа овоа, знаеш сакаа да најдат решение. Милионски суми имаат префрлано по трансфер прајсинг во Швајцарија ебаго. Во последните 3, 4–5 години, имаат минимум 10-15 милиона неправилно извлечено од тука за да избегнат данок“, се вели на снимката.