Во многу домашни компани припадниците на помалите заедници уште нема можност да се вработат, односно во голем број претпријатија уште постои нееднаквост и дискриманиција, рече Насер Зибери, кандидат за премиер на ДУИ, при неговата денешна посета на компанијата „Монтенегро“, во Гостивар.
Тој во оваа прилика посочи дека оваа ќе биде една од многуте прашања што тој како прв премиер албанец во Северна Македонија ќе ги решава.
– Додека во последните две години еднаквоста во јавниот сектор и администрација е масовно подобрена, во приватниот сектор уште сме далеку од тоа што го нарекуваме еднакви можности. Кога зборувам за еднаквост не мислам само за Албанците, туку и за Турците, Бошњаците и другите помали заедници. Исто така и за Македонците. Ова од причина заради тоа што еднаквоста не е само неопходност за модерно општество, туку таа ја зајакнува економијата, рече Зибери.
При своето излагање пред присутните кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, нагласи дека откако ќе биде изгласан за премиер, една од првите негови иницијативи ќе биде токму еднаквоста во приватниот сектор.
– За секое ново вработување, кое ќе го подобри еднаквата застапенсот во компанијата, државата ќе покрива 50 посто од социјалните придонеси. Целта на оваа мерка е да ги мотивираме газдите на фирмите за да ја зголемат еднаковста во нивните компани и истовремено да креираат една атмосфера на еднавки шанси, рече Зибери.
Освен оваа мерка, Зибери наведе дека како премиер ќе донесе одлука со која секоја компанија ќе добие по 1500 евра за секој млад вработен за првпат. Дополнително кажа дека за да пораст на инвестиците државата на малите и средните претпријатија ќе им додели од 5 до 10 илјади евра набавка на потребната опрема.