Ние до крајот на 2021 година ќе можеме да кажеме дека функционира автопатот Кичево –Охрид, откако си ја земавме работата во свои раце после четири години фрлени во ветар од ВМРО-ДПМНЕ, си ја земавме работата во свои раце после нивните четири години фрлени во ветар, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, синоќа на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
Таа нагласи дека за автопатот Кичево – Охрид, зборуваа и беа заинтересирани само за провизии и тие ги земаа, инаку, како што рече, како мислите Груевски толку долго живее во Будимпешта, како мислите дека Белата палата толку лесно се одржува.
– Бидејќи мислеа само на провизиите, не мислеа за ситници од типот проект, од типот тунели, од типот квалитет на тлото, од типот на клучки, нагласи Шекеринска.
Таа додаде дека проектот имал се, само не техничка документација.
Јавноста нема кратко паметење, но сепак за потсетување: СДСМ, партијата на која припаѓа Шекеринска, пред доаѓањето на власт вети дека ќе направат 500 км автопати во Македонија. Еве цел мандат им мина, не направија ниту еден километар, а остана во сеќавање само нивниот чочек кај Демир Капија, при пуштањето на автопатот што го изгради токму „режимот“ кој го обвинуваа(т).