Што имам едно тегет одело од Борче, самото држи говори, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Рачно направениот костум од мајстор Борче со гордост го носам насекаде низ светот, на средби со државници. Нашите луѓе и македонските производи рамо до рамо со сојузниците со кои седиме заедно на масата на НАТО, објави Димитров на Фејсбук.
Очигледно Димитров ја следи модата, но останува дилема: дали во тој костум што „сам држи говори“ го потпиша и капитулантскиот договор со Грција?