После два саати и 17 минути во кафеана на слободен разговор, се случуваат грешки, изјави денеска бившиот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, за последната „заевка“ одговарајжи на новинарско прашање.
ТЗаев, како што е познато, во оваа „бомба“, односно аудио-снимка, вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“, а потоа им пцуе „мајче и шајче“,
– После два саати и 17 минути во кафеана на слободен разговор, се случуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече денеска Заев на конференцијата пред Собранието.
Тој рече дека за ова се извинил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.