Мексико ја надмина Италија по број на смртни случаи од Kовид-19 и стана четврта земја во светот по бројот на починати.
Според податоците објавени од Министерството за здравство, досега од коронавирусот во таа земја починале 35.006 луѓе.
Во текот на изминатите две недели, вкупната смртност во Мексико ги надмина и Шпанија и Франција.
Во Мексико, вкупно 299.750 луѓе се заразени со коронавирусот.
Здравствените власти изјавуваат дека реалниот број заразени лица е веројатно значително поголем од пријавените случаи.
Најголем број на смртни случаи од последиците од коронавирусот има во САД, а потоа следуваат Велика Британија и Бразил.