Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 39.924 случаи на коронавирус , со што бројот на заразени во оваа земја се доближи до два милиона.
Од почетокот на пандемијата досега во земјата се заразени точно 1.996.748 лица, пренесуваат британските медиуми.
Во последните 24 часа умреле 1.233 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 75.366.