До Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, покрај веќе поднесените пет, пристигнале уште 77 приговори за изборите, објави скопски Курир.
Од нив, како што информираат од ДИК, од попладнево пристигнатите приговори, 74 се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ.
ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.
Приговори за постапката на гласање може да се поднесуваат до 21 часот вечерва, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите до утре до 19 часот и 30 минути.
Роковите почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.
Претходно поднесените приговори беа од партијата Демократи кои се однесуваат за неважечките гласачки ливчиња, од Работничка партија МОРО, СДУ и Интегра.
Пред ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултати, партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија доставила барање за увид во неважечки ливчиња.