На денешнто судење за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, тој изјави:
– Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рекол Јовановски, а пренесуваат медиумите.
Тој потенцирал дека имал поддршка од Мила Царовска и дека дека всушност функционирале како Министерство за социјала:
-Згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле Буџет на Македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1ТВ се легални.
Од повиканите, министерката Мила Царовска експресно и индикативно брзо демантираше поврзаност со проектите и најави инстант тужба за клевета до Јовановски.
„Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“ – стои во соопштението испратено од Мила Царовска.