Во организација на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Европското движење во Македонија денеска ќе се одржи онлајн научна конференција во чест на проф. д-р Димитар Мирчев, универзитетски професор, дипломат, интелектуалец посветен на оживотворување на напредните идеи и на европската интеграција на државата.
Тема на конференцијата е „Националниот идентитет и европската интеграција“ на која проф. д-р Димитар Мирчев значително беше посветен во последните десет години.
Конференцијата ќе се одржи на интернет платформата ZOOM ID:979 4996 2123 и ќе може да се следи во живо на Фејсбук страниците @Filozofski.Fakultet.mk и @Evropsko.Dvizenje
На оваа мини-конференција, која има научен карактер и која е прилагодена на условите поврзани со Ковид-19, ќе учествуваат еминентни универзитетски професори и други експерти од областа на евроинтегративните процеси.