Борис Стојменов, таткото на сопственикот на ТВ Канал 5, телевизија за која ОБСЕ оцени дека во изборите ја поддржувала СДСМ, заработи кривична пријава по вчерашната расправија со инспекторите на Општина Центар, како и полициските службеници кои ги придружуваа.

На 25.07.2020 во 11.00 часот пред објект во градба на ул.„Даме Груев“ во Скопје, Б.С.(80) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир по член 4 и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, така што се однесувал дрско и непристојно кон инспектори од Секторот за Инспекциски работи од општина Центар, а омаловажувал и полициски службеници кои извршувале службени задачи. Сочинет е записник за констатиран прекршок, се вели во полицискиот билтен.

Освен синоќешната реакција на градоначалникот на Центар, Богдановиќ, засега молк и од институциите и од медиумите во врска со тврдењето на Стојмеов дека му биле барани еден милион евра за да може да гради.