Денеска беше обавено дека Комисијата за заразни болести на Република Македонија, која нејзините претставници при јавни настапи по сто пати ја нарекуваат Северна, оставајќи впечаток дека тоа им е многу побитно отколку темата поради која јавно настапуваат, препорачала отворање на училиштата од 1 септември. Како тоа ќе изгледа засега се нема финална замисла, но тоа што е јасно е дека речиси е невозможно ефективно да се спроведе било каков посериозен протокол за заштита на здравјето на децата и наставниците, како и на членовите на нивнте семејства.
Впрочем, еве како Израел поминал при првото отворање на училиштата во мај и со каква катасторфа се соочил. Податоците се објавени во весникот Тајм, заедно со примерите од други земји како Данска, од каде доаѓаат прилично „измиени“ информации, откако по првично отворање на училиштата имаше масовни реакции на родителите. Но, засега да се задржиме на Израел. Еве што вели Тајм:
„Израел првично ги отвори училиштата следејчи го т.н. “bubble model”, модел кој значи дека едно дете може да комуницира само со точно одреден број исти лица. Училиштата беа отворени на 3 мај, а по само две недели учење, беа напуштени ограничувањата кои се однесуваа на големината на едно одделение.
При првиот топлотен бран во Израел, на учениците им било дозволено да ги остават дома и маските.
Но, на 3 јуни, точно еден месец по отворање на училишата, Владата одново ги затвори откако 2 026 ученици, наставници и персонал во училиштата се заразиле со Ковид 19, односно биле позитивни на Ковид 19.
28 147 ученици биле ставени во карантин, поради можна изложеност на вирусот. Само во едно училиште, имало преку 130 случаи. Токму по тој еден месец од отворањето на училиштата, бројот на позитивни случаи во Израел пораснал од 50 дневно на околу 1 500 дневно. Податоците од Владата на Израел покажале дека училиштата станале втор најголем извор на инфекција во јуни.
Поради ова, во знак на протест, од функцијата се повлече највисокиот официјален претставник за јавно здравје на Израел, Зигал Садецки. Причина е лошиот начин на кој Владата пристапи кон повторно отворање на училиштето:
„Во голема мера, изворот на вториот бран произлегува од отворањето на образовниот систем на начин што не беше прилагоден на короната и масовните собири“, напиша Садецки на својот ФБ профил.
Наспроти ова, сега израелското Министерство за образование објави дека ќе користи различен модел за повторно отворање на училиштата во есен, што ќе се заснова на локалните стапки на инфекција.