Директорката на Институтот за мајки и деца во Сараево, Белма Шољанин, починала денеска од последици предизвикани од коронавирусот, пишува скопска Република.
Како што пренесуваат босанските медиуми, 37-годишната Шољанин, била хоспитализирана во 35. недела од бременоста, со тешка клиничка слика и запаление на градите.
Кога бременоста се развила до минималната зрелост на бебето, бил направен царски рез, по што повторно била ставена во изолација и продолжило лекувањето.
Три дена подоцна, Шољанин ја загубила битката.
Нејзиниот сопруг и двете ќерки, исто така се заразени, додека новороденото момче е негативно.