„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со COVID-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство.
Почитувани,
Ова е официјалното соопштение и образложение со кое што Р. Македонија и надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на COVID-19, од нашата земја, слетува во друга држава, во конкретниов случај во Финска.
Дополнително, во официјалното соопштение се вели:
“Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Р. Македонија, или транзирираат преку Р. Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои што со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата”.
Се поставува прашањето дали надлежните институции прават било каква контрола на патниците кои што слетуваат во Р. Македонија, кои што транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?
Каде не позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата од COVID-19?
Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји кои што се уште не ни ги имаат затворено границите?
За патниците кои транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која што доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или пак директно летаат кон следната дестинација?
Постои ли било каква контрола или одговорност за еден ваков случај кој што потенцијално дополнително не дискредитира како држава во однос на начинот на кој што ја менаџираме COVID-19 кризата?
Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ