Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар беше прогласен за најдобар играч на синоќешниот натпревар во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.
Бразилецот ја одигра целата средба и со една асистенција придонесе неговиот тим да победи со 2:1.
По средбата, на Нејмар му беше доделена посебна награда.
– Тој беше најопасниот на теренот, рече техничкиот набљудувач на УЕФА, Космин Контра.