Белорускиот претседател Александар Лукашенко синоќа изјави дека жали што за враќањето на редот во земјата морале да бидат употребени специјалните сили.
-Би сакал уште еднаш да истакнам, многу ми е жал што моравме да искористиме одредени единици, особено оние од силите за специјални операции, за да го вратиме редот во земјата, кажа Лукашенко пред членовите на Советот за национална безбедност, пренесе ТАСС.
Лукашенко победи на претседателски избори на 9 август, кои опозицијата ги оспори. Следеа секојдневни протести, во кои имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, а неколку илјади демонстранти беа уапсени.