На 43. ден од антивладините протести во Бугарија демонстрантите го блокираа влезот на Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекна имот и бараа оставка од директорот Сорит Цацаров.
Демонстрантите предводени од активистот Георги Георгиев по едночасовната блокада се упатија кон шаторите поставени на Орлов мост. За време на блокадата немаше судир помеѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите бараат оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев.