ВМРОВЦИТЕ ОД ИЛИНДЕН СЕ ОГРАДИЈА ОД ЖИКА: Се води од неговиот личен интерес

/ 22.08.2020

По повод вчерашниот прес одржан од т.н. иницијативен одбор за “Промени во ВМРО ДПМНЕ” на кој што беше присутен и актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски, на последните локални избори избран како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, сакаме да Ве информираме дека општинскиот комитет ИЛИНДЕН на ВМРО ДПМНЕ во целост се оградува од постапките и делувањата на г-дин Жика Стојановски како и од изнесените ставови на погореспоменатиот прес.

Сметаме дека истите се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не поддржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме. Воедно напоменуваме дека ОК Илинден работи и функционира согласно статут, деловник, програмски документи како и донесените одлуки и утврдените политики од страна на органите на партијата: Центалниот комитет, извршниот комитет и Претседстелот на партијата.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ НА ВМРО ДПМНЕ ОК ИЛИНДЕН


Од истата категорија