Барам втората точка од денешниот дневен ред предлог-одлука за одредување на бројот на потпретседатели да се тргне од дневен ред од една и единствена причина затоа што како и 2017 година продолжувате со зголемените обврски и трошоци кои што ги предизвикуваат овие дополнителни функции кои што ги имате, истакна Никола Мицевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Мицевски укажа дека во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани и тој амандман од страна на власта и собраниското мнозинство не бил ниту разгледан.
-Ние сме против ова расипничко трошење и воведување на 5 потпретседатели кои што со себе повлекуваат 5 кабинети. Знаеме што значат 5 кабинети и колкава е обврската имајќи во предвид дека во изминативе три години господинот Џафери, освен еден потпретседател ниту еден потпретседател не го замени. Ако е само тоа да се задоволат коалиционите страсти јас ве разбирам, меѓутоа неможете пред македонската јавност да кажувате дека се борите за намалување на трошоците, за намалување на обврските и за зачувување на средства во буџетот, додаде Мицевски.