ЖЕЖОК АФРИКАНСКИ БРАН: Викендов до 36 степени, в понеделник поладно, во вторник дожд

/ 29.08.2020

Овие два дена Балканот ќе биде најпеколниот дел од европскиот континет со температури невообичаено високи за крајот на август.

Топлиот бран доаѓа од северот на Африка, но со изразено сув воздух што главно ќе ја намали влажноста, а температурите ќе се движат од 33 до 36 степени.

Дел од балканските земји го вклучија портокаловиот метеоаларм со совети за граѓаните да не излегуваат во текот на денот доколку немаат потреба, да пијат многу течности и да носат лесна облека. Издадена е препорака градежни работи да не се изведуваат во периодот од 11 до 17 часот.

Од понеделник ќе настапи мало намалување на температурите, а метеоролозите веќе за во вторник најавуваат дожд.


Од истата категорија